Интервју со новата мајка Едина Кулчар за предизвиците на мајчинството

2
 

Постои еден посебен вид на губење на косата, за која многу жени не знаат ништо, додека самите тоа не го доживеат - постпартална алопеција. И тоа влијае на околу 40 до 50 проценти од новите мајки. Малку позборувавме со првата придружничка на Мис на светот за 2014 година и амбасадорот на брендот „Revalid“, Едина Кулчар, која неодамна го роди своето прво дете, за нејзиното искуство. Но, пред да дојдеме до интервјуто, што е постпартална алопеција?

                                

Постпартална алопеција е вид на губење на косата што ги зафаќа жените во почетните месеци по раѓањето. По породувањето во телото на жената се случуваат голем број на хормонални промени, а особено значително опаѓа нивото на естроген. Повисоките нивоа на естроген за време на бременоста значи дека жените губат помалку од просечните 100 влакна на ден, бидејќи имаат околу 50% помалку влакна во телогена фаза или фазата на одмор во циклусот на раст на косата. Оваа промена е причина зошто некои жени имаат погуста и посјајна коса додека се бремени. Откако ќе се породат, нивото на естроген повторно опаѓа и почнуваат да губат коса која што е сочувана за време на бременоста. Ова губење на косата може да се случи одеднаш помеѓу два и три месеци по породувањето и иако обично се враќа на ниво пред бременоста, шест до девет месеци постпартално, сепак тоа новите мајки може многу да ги вознемири.

Разговаравме со Едина за нејзиното искуство за време и по бременоста ...

Најпрво, честитки за раѓањето на вашиот син Медокс.

Како се снаоѓате со мајчинството?

Ви благодарам! Двајцата уживаме во оваа почетна фаза на запознавање еден со друг. Тоа е многу посебно време за нас.

 

Значи, дали забележавте какви било промени на вашата коса за време на бременоста?

Секако, забележав дека мојата коса расте многу погусто за време на бременоста. Таа беше посјајна и многу полесно ја уредував. Исто така, видов дека има помалку коса во мојата четка за коса и на сифонот во туш-кабината од вообичаеното. Тоа беше дефинитивно еден од позитивните споредни ефекти што го доживеав! Но, важно е да се забележи дека искуството со бременоста не е исто кај сите жени. Имам пријателки кои воопшто не гледаат големи промени во нивната коса.

 

 A сега, откако сте родиле? Дали има некои значајни промени во вашата коса

Можам да кажам дека во првите неколку недели по породувањето косата ми остана иста како и за време на бременоста. Се разбира, имав многу други работи што го привлекуваа моето внимание, а телото поминува низ толку многу промени по раѓањето. Но, околу два месеца по раѓањето на Медокс, почнав да забележувам дека повеќе ми паѓа коса за време на четкање, а исто така наутро и на мојата перница. Знаев дека тоа е веројатно постпартално губење на косата, но сепак беше доста шокантно.

 

Дали пред бременоста сте слушнале за постпартално губење на косата?

За среќа, слушнав за губење на косата после породувањето преку мојата работа со Revalid®, но никогаш порано не сум слушнала за тоа. И сега кога почнав да зборувам за тоа со моите пријателки и семејството, многу од нив велат дека и тие тоа го доживеале! Тие беа засрамени да зборуваат за тоа порано. Машкото губење на косата се смета за нормален дел од животот, но жените често се срамат да признаат дека губат коса, било по породување или во подоцнежните години. Мислам дека е навистина важно да се подигне свеста за ова прашање, новите мајки да не се плашат да зборуваат за тоа и да добијат помош ако им е потребна.

 

Дали сте направиле некои променисо цел да ги олесните симптомите?

Почнав со проверка на мојата исхрана. На почетокот лесно можете да се впуштите во лоши навики, бидејќи да се биде нова мајка, се разбира, одзема многу време и многу сте фокусирани на бебето. Значи, погледнав во мојата исхрана за да проверам дали бев хидрирана и да ги добијам вистинските хранливи материи - особено железо, цинк и протеини. Сега додадов уште повеќе свежо овошје и зеленчук.

Исто така, давам се од себе за да го редуцирам стресот, што е исто така предизвик со новороденче, бидејки прочитав дека тоа може да ги влоши симптомите. Се обидувам да се релаксирам секогаш кога Медокс спие и да бидам сигурна дека имам малку повеќе време за себе - дури и ако тоа е само да се искапам во бањата.

 

А што е со вашата рутинска нега на косата? Дали направивте некои промени во врска со тоа?

Иако немам толку време за мојата рутинска нега на косата, се уште редовно ја мијам косата и по миењето нанесувам балсам. Исто така, го користам времето за нежна масажа на главата при туширање. Тоа исто така помага да се намали и стресот.

Исто така, многу внимавам како ја стилизирам косата, избегнувајќи метални додатоци за коса и стегната коса во опавче. Ја оставам косата слободно да се исуши на воздух колку што е можно повеќе. Така не само што се заштедува време, што е секогаш бонус со бебе, но исто така паузирам од фенот и пеглата за исправување на мојата коса кои ја прават сува и може да го влошат губењето на коса.

Но, уверена сум дека кај повеќето жени губење на косата се враќа на нормална стапка по неколку месеци, а до тогаш ќе водам уште подобра грижа за тоа од вообичаеното.

Ви благодариме за советите Едина! Сигурни сме дека истите ќе им помогнат на многу жени кои минуваат низ истата работа. Ви посакуваме се најдобро во овие први неколку месеци со Медокс.

Кога да се посети лекар/дерматолог?

Ако промените во вашата рутина за нега на коса не резултираат со поздрав изглед на вашата коса или намалување на губењето на косата или ако симптомите продолжуваат подолго од една година после породувањето, можеби треба да го посетите вашиот лекар или дерматолог. Можно е да постојат и други причини за губење на косата и важно е да се консултирате со лекар ако сте загрижени за проретчување на косата или губење на косата, бидејќи повеќето причини за тоа може да се третираат. Колку побрзо ќе се открие проблемот, толку се подобри резултатите на подоцнежниот третман.