Болести на косата и нивна терапија

2
 

Опаѓање на косата

Опаѓањето на косата е чест проблем, не претставува закана за здравјето, но често предизвикува тежок емоционален стрес кај луѓето.

Науката која ги изучува болестите, оштетувањата и аномалиите на влакната т.е. косата е наречена трихологија.

Некои  “нешта” за влакното

Почетоците на првите влакненца се во деветтата недела од ембрионалниот живот, а нивниот конечен развој и пробивање на кожата е во петтиот ембрионален месец. Тие се светли, меки, нежни, тенки и во првите неколку месеци после породувањето постепено се заменуваат со велус влакненца кои се поцврсти, подолги, лесно пигментирани и го препокриваат целото тело, а во пубертетот се трансформираат во терминални влакна во предел на гениталите, под мишки, кај машките на брадата, грбот и рамената. Терминалните вистински влакна исто така се присутни на главата, клепките и веѓите уште од детската возраст.

Коренот на влакното лежи длабоко во кожата скоро до подкожата, каде се наоѓа дното т.н матрикс пили кое содржи живи – герминативни клетки од кои расте влакното со брзина 0,4 мм на ден.

Бројот на влакната на главата варира од 80 000 до 130 000, средно се зема 100 000, а секојдневно отпаѓаат 50-80 влакна кои исто така физиолошки се обновуваат.

 Секое влакно минува низ 3 фази на еволутивен влакнен циклус:

1.            Анагена фаза – активен раст на влакното, трае 3-5 години и го сочинуваат 85-90 % од влакната.

2.            Катагена фаза – краткотрајна преодна фаза, трае 2-3 недели, го имаат 0-1% од влакната кај кои почнува кератинизација-изумирање на влакното.

3.            Телогена фаза – фаза на мирување, влакното е мртво и потполно кератинизирано, трае 3-4 месеци кај 9-14% од влакната.       

При состојби на опаѓање на косата се прави микроскопско иследување на коренот на околу 50-тина влакна земени од главата и се одредува нивната процентуална застапеност во трите фази на вланениот циклус т.н. трихограм.

 

Структура на влакното:

1.            Медула-централен дел составен од кератин потребен за раст, тонус, влага и еластичност на косата.

2.            Кортекс - најширок дел составен од кератински влакна, задолжен за структурата, бојата, еластичноста, густината и влажноста на косата

3.            Кутикула – површински, транспарентен, повеќеслоен, заштитен тенок слој.

Болести на косата

                Постојат многу болести на косата и нивни класификации.

Генерално се поделени на:

Квалитативни промени

1. Структурни молекуларни промени на влакното најчесто предизвикани од надворешни штетни влијанија како несоодветно чешлање, триење, УВ зраци, морска вода, боење, бланширање, трајни ондулации, употреба на несоодветни шампони, сушење со фен.

2. Аномалии во бојата на косата

3. Квантитативни промени

А.            Конгенитални аномалии

Б.            Стекнати аномалии:

1. Алопеции

                1.1 Дифузни (симптоматски дефлувиум, андрогена алопеција, нутритивна-метаболна алопеција, ендокрина алопеција)

                1.2 Цикумскриптни –ограничени алопеции (алопеција ареата, трауматска алопеција, трихотиломанија, бактериски или микотични алопеции, неопластични алопеции, атрофични алопеции)

Најчести причини за квантитативните промени може да бидат висока фебрилност, строги диети, операции, хронични системски заболувања, породување, лекови, тежок психички стрес, воспалителни фокуси во главата, ендокринолошки пореметувања, но во голем број на случаи причинителот останува непознат.

ТЕРАПИЈА:

Терапијата и прогнозата кај различни видови на алопеција е различна, од спонтано санација после отстранување на штетниот агенс до стагнација на болеста или влошување на состојбата.

Генерално терапијата има за цел да ја подобри прокрвеноста и исхраната на коренот и со тоа да го поттикне повторниот раст на влакното. Покрај медицинската терапија, од голема корист се и  козметичките средства за нега на косата кои доколку  содржат некои одследните состојки помагаат во обновување на косата од коренот до врвовите:

Аминокиселините (глутамин, пролин) го помагаат создавањето на протеините на кератинот важен за растот на косата.

Витамини од групата на Б-витамини како и пантенолот кој всушност е провитамин на Б5- витаминот, ја подобруваат влажноста на косата, го намалуваат воспалението на кожата, го подобруваат зараснувањето на раничките на скалпот, делува како лубриканти и го подобруваат чешлањето и волуменот на косата.

Алантоин (уреа хидантоин) претставува краен метаболен производ на урична киселина, го смирува иритираниот скалп, го помага зараснувањето на раничките и го стимулира растот на здравите клетки и на влакното и на кожата.

Природните екстракти од житарици како и оние од пченичните никулци со протеините кои ги содржат, ја хранат, зајакнуваат косата и помагаат во обновата на расцветаните краеви (врвови). Екстрактот од овес со неговите антисептични својства ги намалува иритацијата и црвенилото на кожата, а има и ефект на спречување на стареењето на кожата.

Токму овие состојки ги прават незаменливи шампонот и балсамот Ревалид.

Шампонот ќе ја измие нежно, но сепак темелно косата и истовремено ќе ја зајакне и ревитализира, а алантоинот ќе го смири скалпот.

Балсамот Ревалид ќе ја подобри структурата на косата правејќи ја мека, сјајна, еластична и лесна за обликување, а истовремено ќе ја заштити и од надворешни влијанија.

Тајната зошто овие два производи се многу често употребувани лежи во фактот што се наменети за секојдневна употреба, за нега и ревитализација на косата.

За крај, ќе ги цитираме зборовите на една наша задоволна корисничка: “После првото пакување на шампонот и балсамот Ревалид станав нивен зависник”.