Media

ДАЈТЕ И НА ВАШАТА КОСА МЛАДЕШКИ ИЗГЛЕД

 

DN-AGE™ - ИНОВАЦИЈА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ И ТЕНКА КОСА

Revalid® нов систем против стареење на коса

Кремите против стареење на кожа се дел од нашата секојдневна рутина, но што со употреба на производи против стареење на коса? Revalid®разви нов систем за коса кој го забавува процесот на стареење на косата и скалпот. Revalid® Anti-Aging шампон and Anti-Aging флуид содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM и се достапни во продажба од сезона есен 2020.

Избегнете ја појавата на бели влакна

Ефектите од процесот на стареење на коса , се многу повеќе од појава на бели влакна и вклучуваат појава на сувост, истенчување, и недостаток на густина и волумен. Клетките на кожата на скалпот ја губат својата природна способност за заштита од оксидативен стрес и клеточно оштетување, но новиот Revalid® Anti-Aging систем за коса и скалп им ја дава потребната подршка за одржување на здрава текстура, волумен и изглед.

Повеќе јачина, густина, волумен 
Revalid® системот се состои од  Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид. И двата производи содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM, концентриран екстракт од листовите на Cassia Alata, растение познато по своите лековити и антивоспалителни својства. DN-AgeTM е инспирирана од одбрамбените способности на растението, кои на ниво на човековите фоликули имаат способност да го штитат скалпот и го забавуваат процесот на стареење на коса. Антиоксидативната и антивоспалителната способност , против избелувачкиот ефект како и ефектот на поттикнување на обнова и раст,  се докажани во бројни студии in vitro и in vivo. Во една студија, 80% од испитаниците ја чувствуваат својата коса како посилна и погуста после секојдневна апликација на  DN-AgeTM  на нивниот скалп.
*Двојно слепа плацебо контролирана студија која вклучува 38 испитаници на возраст од 34-65 години во период од 6 месеци.

Како дополнување, Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид содржат екстракт од еделвајс од Швајцарските алпи – познат како”прежививачка ѕвезда” од Швајцарските алпи со способност да расте изложена на висока надморска височина и екстремни температури. Тоа додава дополнителна заштита и поттик на косата и скалпот, стимулирајки неколку клучни гени и протеини одговорни за одржување на заштитната бариера на скалпот.
*Двојно слепа, плацебо контролирана студија, која вклучува 38 испитаници на возраст од 34-65 години, во период од 6 месеци.

ЗА REVALID®
Revalid® е бренд основан во 1992 во Швајцарија, специјално создаден да обезбеди холистички решенија за нега и против опаѓање на коса. Високо квалитетниот Швајцарски систем за нега на коса се состои од медицински капсули за внатрешна употреба и линија за нега на коса за надворешна употреба. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија. www.revalid.mk

ЗА ЕВОФАРМА
Евофарма АГ, со седиште во Шафхаузен, Швајцарија, е фармацевтска маркетинг компанија со фокус кон централно-источна Европа и Швајцарија. Со своето 60 годишно присуство во регионот, Евофарма поседува широко познавање на овие пазари и ужива привилегирана позиција во овој регион. Компанијата брои 320 високо квалификувани вработени, во вкупно 15 земји.

www.ewopharma.mk