МАГАЗИН

Оживејте ја вашата коса: Основна рутина за нега на косата со Revalid совети од експерти

 

Усвојте ја вистинската рутина за нега на косата и оживејте ја вашата коса

Никогаш не е доцна да и обезбедите нов почеток на вашата коса! Разбирањето на основите за правилна нега е најважно кога сакате да ја заздравите оштетената коса. Затоа што, воспоставување на ефикасна рутина за нега на косата, не е толку комплицирано како што изгледа.

Како да ги разберете потребите на вашата коса

Пред да воспоставите рутина, основно е да ја „разберете“ вашата коса. Ако имате сува и тенка коса и сакате да ја вратите нејзината виталност, следете ги овие едноставни чекори поврзани со употреба на производи одлинијата за сува и безживотна коса за висококвалитетна ревитализација.

1. Миење

Негата на косата започнува под тушот. Првиот чекор е да ја измиете вашата коса со шампон погоден за оштетена коса. Шампонот Revalid за  ревитализација, нежно ја чисти косата и истовремено ја зајакнува нејзината структура, благодарение на екстрактот од овес, пченични никулци и пантенол. За да се спречисушењето на влакното, избегнувајте употреба на жешка вода, бидејќи го дехидрира скалпот и косата. Употребувајте млака или студена вода.

2. Омекнување

Функцијата на балзамот е да ја одржува влажноста на косата која може да е отстранета претходно од шампонот. Затоа, по секое миење користете балзам за да ја заштитите косата, да ја хидрирате и да го намалите „разлетувањето“.

Повеќето комерцијални балзами треба да се нанесуваат од половина должина кон краевите на косата – не на коренот, бидејќи така се зголемува создавањето на себум. Кондиционерот на Revalid за ревитализација,  напротив, создаден е да се нанесува и на косата и на скалпот, обезбедувајќи темелно потхранување, смирување на скалпот со помош на алантоинот и полесно отплеткување на заплетканата коса.

3. Отплеткување

По миењето на косата, сигурно сакате веднаш да ја исчешлате. Но, влажната коса е повеќе подложна на кинење. Секогаш бирајте чешел со широки запци, и почнете со расчешлување од краевите. Ограничете го фаќањето на вашата коса во текот на денот, вклучително и чешлањето – еднаш дневно е доволно да се исчешла.

4. Сушење

Топлина во секаква форма е опаснa за косата, било да е од жешката вода, директно од сонцето или од фен. Сепак, апаратите за сушење и обликување кои активно се користат, се најчестиот извор на оштетување на нашата коса.

Обидете се да го ограничите сушењето и обликувањето на вашата коса – особено ако имате тенка коса, која е поподложна на кршење. Ако сепак се решите да употребувате такви апарати, бирајте такви кои работат на пониски температури.

5. Хидрирање

На крај, како поддршка на здравиот изглед на вашата коса, хидрирајте ја еднаш или двапати неделно, во зависност од типот на косата. Можете да нанесете масло за коса по целата должина, да користите маска за коса или да направите посебен третман.

За максимална поддршка на виталноста на вашата коса, користете Revalid маска за обновување, која навлегува по должина на целото влакно, го спречува кршењето и раздвојувањето („расцветување“) на краевите на влакното и го враќа природниот сјај. 

Колку често треба да се мие косата?

Честотата зависи од типот на косата.

  • Ако имате права и тенка коса, можеби ќе треба да ја миете секој втор ден или дури и секој ден, бидејќи маснотијата лесно се „лепи“ на влакното.
  • Од друга страна, ако имате густа и виткана коса, би требало да ја миете само двапати неделно, бидејќи секојдневното миење ќе ја суши и ќе ја оштети.
  • За боена или бланширана коса, се препорачува миење еднаш неделно.

Што да правите како дополнителна поддршка за вашата коса

За да и обезбедите на косата холистичка нега, рутината комплетирајте ја со Revalid тоникот за обновување на косата. Редовното нанесување на скалпот ги зајакнува фоликулите на влакната, со што, се спречува опаѓање на косата и се поттикнува растот на нова коса. Нанесувајте од тоникот двапати дневно и нежно втријте на скалпот, со што, се подобрува циркулацијата на крвта.