МАГАЗИН

Тајни за здрав скалп, раст на коса и превенција од паѓање на косата / Revalid

 

Веруваме во Revalid и во неговата холистичка нега, бидејќи ја негува вашата коса од коренот до врвот.  Во 1992 година, го развивме нашиот прв третман  против опаѓање на косата. Но, не застанавме тука.

Благодарение на нашето знаење, посветеност, најсовремена технологија и научно истражување, ви нудиме иновативни производи за нега на коса, произведени во Швајцарија со докажан бенефит, доколку имате проблем со косата.

Која линија од производите на Revalid е ваш фаворит?

Временските прилики отстапуваат од вообичаеното, но пролетта и официјално е тука, како и подолгите денови. Искористете ја сета енергија која доаѓа во овој период. Зајакнете ја вашата исхрана, активностите или вашата рутина за нега на коса. Пробајте го Revalid и откријте што е тоа што е совршено за вашата коса и нејзината нега.

Дали знаете дека месец април е Месец за подигнување на свеста против стресот? Стресните периоди се појавуваат ненајавено и можат да влијаат негативно на животот на многу начини, вклучително и на виталноста на косата и нејзиниот раст. Не дозволувајте стресот да победи.

Фокусирајте се на здрава исхрана, поминувајте доволно време на свеж воздух и спијте толку колку што е потребно за да го надминете овој период најбрзо и најдобро.

Уште повеќе, доколку забележите дека стресот премногу влијае на вашата коса, обидете се со употреба на Revalid производите против опаѓање на косата за да го поттикнете нејзиниот раст.

Дали се обидувате да ја направите косата појака и погуста?

Дајте му шанса на Revalid тоникот за коса. Тоа е внимателно креирана формула збогатена со кофеин, која го потхранува скалпот и го поттикнува растот на косата.

За најдобри резултати:

  • Нанесувајте една пипета од тоникот на скалпот 4 до 5 пати во неделата, во вечерните часови.
  • Со прстите нежно масирајте, со што, во исто време се подобрува и циркулацијата на крвта.
  • Дозволете тоникот да ја заврши својата работа.
  • Кажете ни како ви се допаѓа?

Иако шампонот Triple Active DS (шампон со тројно дејство ДС) првенствено е создаден за справување со потешка форма на првут и себореичен дерматитис, тој исто така придонесува за намалено чешање на скалпот, предизвикано од разни причинители како што се појаките производи за нега на коса, преоѓање од една сезона во друга, потењето како придружна појава на интензивен животен стил и други. Обидете се, и кажете ни што мислите?