МАГАЗИН

ВАШАТА КОСА: БЕЗВРЕМЕНСКА И ЦВРСТА УБАВИНА – ЦУТИ И ВО ТЕКОТ НА ВАШИТЕ ЗРЕЛИ ГОДИНИ

 

Косата игра значителна улога во нашиот изглед. Ова е слично кај мажите и жените, но, главно, поважно е кај жените. Сјајната, густа и здрава коса ја поврзуваме со младоста, енергијата, здравјето и успехот. Меѓутоа, иако би сакале да ја одржуваме косата сјајна и добро да ја негуваме, можеби не знаеме точно како да го сториме тоа.

Во првото од овие две изданија за нега на косата, дерматологот проф. д-р мед. Северин Лохли (од Dermacenter, Цирих) го објаснува процесот и ги претставува факторите што влијаат врз стареењето на кожата и косата, како и основите на успешната нега за спречување предвремено стареење на кожата што можат да се вметнат и во негата на косата и во заштитата од стареење. За добро негуваната дама да може да носи информирани одлуки за својата нега за спречување на предвременото стареење. За сјаен изглед во своите зрели години.

д-р Лохли

Луѓето се многу свесни за стареењето на кожата како природен процес и многу од нив рутински користат нега за спречување на предвременото стареење. Би сакале да знаеме: на која возраст започнува стареењето на кожата? Кои се најчестите знаци и главни поттикнувачи на стареењето на кожата?

Д-р Лохли:Стареењето на кожата е непрекинат процес во текот на целиот живот. Додека сме млади возрасни лица, промените сè уште не се толку видливи. Првите знаци се јавуваат на возраст од 30 до 40 години, а се манифестираат на возраст од 40 до 50 години. Лојните жлезди што ја хидрираат кожата стануваат помалку активни и ова води до сува кожа. Сувата кожа има повеќе брчки и станува потенка, за разлика од хидрираната, а е и почувствителна и склона кон црвенило. Потенката кожа ја зголемува видливоста на супкутаните крвни садови. Доаѓа и до промена во пигментацијата, се појавуваат повеќе светли и темни кругови. Покрај тоа, поради оксидативните процеси во телото, дејството на еластичните влакна одговорни за цврстината и еластичноста на кожата се намалува.

УВ-зрачењето е најзначајниот надворешен поттикнувач на оштетувањето на еластичните влакна. Тоа лесно може да го забележите кај секого: на пример, рацете се почесто изложени на УВ-зрачење од другите делови на телото, па затоа овде има поизразени знаци за стареење, како што се намалената еластичност, истанчувањето и брчките.

 

Што можеме да направиме за да го забавиме стареењето на кожата?

Стареењето не може да се сврти во обратен правец ниту да се прекине. Но, има многу нешта што може да ги направиме за да влијаеме врз процесот на стареење. Здравиот начин на живеење е, секако, едно од овие нешта. Добрата козметичка или медицинска нега на кожата може да ѝ обезбеди хидратација на кожата, бидејќи сувата кожа станува потенка, има повеќе брчки и не е толку цврста. Активните состојки во производите за нега на кожата го помагаат процесот на физиолошко регенерирање на кожата или имаат антиоксидативно или антивоспалително дејство.

Заштитата од надворешните стресори игра друга, многу важна улога во негата за спречување на предвременото стареење на кожата. Мислам дека постојаната заштита и негата може да ги намалат знаците за стареење на кожата до околу 50 %, иако ова е повеќе лично убедување, а не научно поткрепен број. Замислете си две 70-годишни дами, од кои едната целиот живот постојано се сончала, а другата целиот живот користела максимална заштита од УВ-зрачење. Разликата во изгледот на нивната кожа ќе биде огромна.

Дали косата старее исто како и кожата?

Постојат разлики, како и сличности меѓу стареењето на кожата и косата. Трите главни аспекти на стареењето на косата се опаѓање, намален квалитет и промена на бојата (побелување). Опаѓањето, намалениот волумен, намалената густина и намалениот квалитет на косата се слични со процесот на стареење на кожата, а се поврзани и со намалената еластичност и слабата хидратација. Во скалпот хидратацијата ја обезбедуваат и лојните жлезди. За здрава и убава коса потребно е добро балансирано лачење на себумот – премногу, значи мрсна коса, премалку, значи сува, лесно оштетлива коса.

Побелувањето може да се забележи само кај косата, а е предизвикано од клеточните промени во фоликулата на косата. Фоликулите на косата се дел од нашата кожа и произведуваат влакна во кружен процес. Како што старееме, активниот циклус на фоликулите на влакната станува пократок, а клетките што произведуваат пигмент стануваат сè помалку активни, што доведува до бавно растење, тенка и седа коса.

На која возраст започнува стареењето на кожата и кои се главните поттикнувачи?

Максималната густина на косата и највисокиот дијаметар на влакното се забележани кај млади возрасни лица, со тоа што фоликулите, а со тоа и густината на косата, како и дијаметарот на влакното, се намалуваат на возраст од околу 30 до 40 години. Тоа би била вистинската возраст за да се започне со подобра нега на скалпот, да се храни и заштити кожата под косата.

Матичните клетки во фоликулите се претвораат во нешто прекрасно и посебно – влакно. Тоа е биолошко чудо што се одвива во текот на целиот живот, одново и одново, како што старееме. Овие чуда стануваат многу чувствителни на надворешните стресори, какви што се слободните радикали предизвикани од УВ-зрачењето или загадувањето, како што е чадот од цигари. Овие слободни радикали може да предизвикаат трајно оштетување на фоликулите. Покрај тоа, УВ-зрачењето не само што го оштетува скалпот, туку и влакното, бидејќи ги оштетува протеините во влакната. Ова води до дополнително намалување на дијаметарот на влакната, намален волумен, намалена густина и кршливост.

Како може да се бориме против стареењето на кожата?

Додека сме млади, телото релативно лесно може да надомести за оксидативниот стрес. Но, како што го зголемуваме бројот на стресорите кои го напаѓаат нашето тело и клетките, така започнува декомпензацијата и оксидативното оштетување на клетките. Не можам доволно да ја потенцирам важноста на ефективната заштита од стресорите, од кои УВ-зрачењето е најзначајната причина за предвремено стареење.

Накратко, она што спречува стареење на кожата, може да спречи и стареење на косата: заштитата од УВ-зрачењето и правилната количина хидратација се клучните фактори за успешно спречување на стареењето на косата и нега на скалпот, какви што се и антиоксидативните и антивоспалителните агенси. За да постигнете најдобри резултати, производите мора да ги користите правилно, на пр., со придржување до времето за нанесување шампон или до препораките за дозирање на средствата за хидратација.

Дознајте повеќе за медицинската нега за спречување на предвременото стареење и важноста на убавата коса во личната благосостојба, во следното издание од овие две изданија за нега на косата!