МАГАЗИН

Зошто паѓа косата: причини, фази и ефикасни решенија | Revalid

 

Освен што е дел од нашето тело, косата e и можност да се изразиме себеси и нашите лични избори. Затоа е и потешко да се справиме со истенчувањето на косата, коеима огромно влијание врз нашиот имиџ и самодовербата. Дали некогаш сте се загрижиле за количеството падната коса после миење или чешлање? Колку е вообичаено и нормално да паѓа и како да се обнови растењето на косата?

Пред да почнеме да ја истражуваме причината за паѓањето на косата, да го погледнеме животниот циклус на влакното...

Циклус на раст на косата

Секој поединечен фоликул минува низ три главни фази од циклусот на раст на косата, придонесувајќи за постојана обнова на косата на нашиот скалп. Овие фази се наречени анагена (фаза на раст), катагена (преодна фаза), и телогена (фаза на мирување).

Клучни фази од циклусот на раст на коса:

Анагена фаза: активен раст, трае 2-6 години при што косата расте 1 см месечно. 85-90% од косата е во оваа фаза.

Катагена фаза: преоден период, фоликулот на влакното се собира и престанува дотокот на крв.

Телогена фаза: последната фаза, трае 2-4 месеци, кога влакното мирува и евентуално отпаѓа.

Што е причина за различно опаѓање на косата?

Вообичаено кај возрасен дневно паѓаат околу 100 влакна. Доколку се надминува овој праг, тогаш ситуацијата се означува како губиток на коса или медицински „алопеција“ – состојба при која има значителен губиток на коса со различни манифестации предизвикани од различни фактори. За да се примени ефикасен третман, потребно е да се разберат главните причини.

Хормоналните промени (вклучително и постпородилниот период) слаба исхрана, стрес, и одредени медицински состојби можат да придонесат за дифузно губење на косата, што значи по целата површина на скалпот а не формирање на одделни ќелави делови. Овие фактори можат да предизвикаат истовремено преоѓање во телогена фаза на голем број фоликули, што се нарекува “telogen effluvium”и резултира со привремено опаѓање на косата.Во такви случаи паѓањето на косата се случува три месеци по настанот.

И генетиката исто така има важна улога и во двата случаи на ќелавост, и кај мажи и кај жени, како што е случајот на андрогена алопеција. Ова е најчестата форма на алопеција, но, која различно се манифестира кај мажите и жените. Кај мажите најчесто се појавува како залистоци и истенчување на темето, додека кај жените е во вид на постепено дифузно истенчување на темето.   

Друга форма на ќелавост, алопеција ареата, е автоимуна состојба при која имуниот систем по грешка ги напаѓа фоликулите на влакната, што резултира со делумно опаѓање на скалпот, веѓите, трепките или други делови на телото.

Обновете ја косата со Revalid!

Нашиот пристап во борбата со опаѓањето на косата е сеопфатен и целно насочен, со длабоко разбирање на сложеноста на биологијата на косата. Клучен елемент во линијата против опаѓање на косата е Redensyl, активна состојка која се наоѓа во сите Revalid производи кои се користат против опаѓање на косата. Познат е по својата ефикасност при намалување на воспалението на скалпот, зголемување на имунитетот, зајакнување на коренот на влакното и поттикнување на растот на косата.

Нашата линија се состои од:

Revalid Stimulating Shampoo  ја подобрува циркулацијата на крвта и го зајакнува скалпот со мешавина од витамини и растителни екстракти.

Revalid Regrowth Serum  го зајакнува коренот на влакното, го намалува воспалението и поттикнува нов раст.

Оваа комбинација обезбедува ревитализиран скалп, фоликулите се хранат и ефикасно се решаваат сите внатрешни фактори кои придонесуваат за здравјето на косата. Нашиот холистички пристап нуди сеопфатно решение за оние кои бараат погуста, поздрава коса.

За мажите го нудиме Revalid Energizing Shampoo специјално прилагоден на потребите за нега на машка коса. Вклучувајќи ги ревитализирачките својства на Redensyl, овој шампон обезбедува  енергија за скалпот, зголемувајќи ги виталноста и цврстината на косата.