ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Ewopharma AG, седиште на групацијата Ewopharma. Нашата адреса е Vordergasse 43, 8200 Schaffhausen, Швајцарија.

Ние сме, исто така, Ewopharma International, s.r.o., член на групацијата Ewopharma. Нашата адреса е Hlavná 13, Братислава 3, 83101, Словачка. Ewopharma International, s.r.o. делува како носител на одобрение за ставање во промет во и надвор од ЕУ. Нашите информации за контакт се: info@ewopharma.com. Телефон: +41 52 633 09 99. Службеник за заштита на податоците: Julienne Jameson, j.jameson@ewopharma.com.

 

ЗОШТО ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Вашите лични податоци се сите податоци кои Ве идентификуваат. Општата регулатива за заштита на податоците нè обврзува да ви кажеме зошто ги обработуваме вашите лични податоци. Кога имате договор со Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o., ние ќе собираме лични податоци од вас како резултат на тој договор.

Доколку сме соработувале во минатото со вас или можеби ќе соработуваме со вас, ние ќе ги чуваме вашите лични податоци како дел од нашата листа на клиенти врз основа на легитимни интереси за кои би очекувале да добиеме податоци на овој начин и дека нашите интереси се усогласени.

Ако добиете исплата или нешто друго во вредност од Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o., тогаш ќе ги зачуваме вашите лични податоци согласно барањата за известување во рамките на иницијативите за транспарентност во ЕУ кои се однесуваат само на здравствени работници.

Ние, исто така, можеме да ги добиеме вашите лични податоци од трето лице. Третата страна треба да ги почитува законите за заштита на податоците. Доколку сметате дека тоа не е така, ве молиме контактирајте со нас.

Доколку сте учествувале во истражување за потрошувачи/натпревари или анкети, ние би ја имале вашата согласност за чување и обработка на вашите лични податоци.

Како фармацевтска компанија, ние ќе ги чуваме личните податоци во врска со вашето здравје, каде што ќе го пријавите вашето лично искуство со нашиот производ, бидејќи ние сме предмет на законодавството за фармаковигиланца (безбедност на лековите) и го следиме безбедносниот профил на производите во ЕУ. Сите податоци ќе бидат чувани во доверливост и заштитени. Можеме да ве контактираме за следење со цел за дополнителна информација за безбедноста на лековите.

Ако сте здравствен работник, ве информираме дека  забележете известувањето за несакани настани треба е во согласнот со локалното законодавство. Доколку директно пријавите кај нас, сите информации вклучувајќи ги и вашите лични податоци ќе бидат обработени на соодветен начин опишан во горниот параграф.

Ако аплицирате за работа кај нас, ние ќе ги задржиме вашите податоци во период не подолг од 6 месеци, ако се појави друга слична позиција. Ова се должи на фактот дека Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o. се стреми да го ангажира најдобриот кадар.

ТРАНСФЕРИ НАДВОР ОД EWOPHARMA AG И/ИЛИ EWOPHARMA INTERNATIONAL, S.R.O.

Постојат одредени случаи кога Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o. треба да ги пренесат вашите лични податоци надвор од Ewopharma AG и / или Ewopharma International, s.r.o.

Доколку Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o. има договор со член на Европската федерација на фармацевтски индустрии, секоја од страните можеби ќе треба да ги пренесе личните податоци на здравствените работници кои добиле значајна поддршка од нас согласно барањата за известување. Вашиот формулар за согласност ќе содржи повеќе детали.

Доколку Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o. е предмет на директно известување за барањата за трансфери на вредност на здравствените работници, Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o. ќе ги задржи вашите податоци за известување во согласност со применливите закони.

Каде што личните податоци од која било природа се пренесуваат надвор од Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o., Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o. ги презема сите неопходни мерки за нивна соодветна заштита согласно законот за заштита на лични податоци. Доколку Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o. ги пренесува личните податоци надвор од ЕЕЗ, ќе осигура дека примателите работат согласно регулативата на Европската комисија. Тоа значи дека вашите лични податоци ќе бидат заштитени на исто ниво во таа земја како што би биле во рамките на ЕЕЗ.

Сите лични податоци собрани заради следење на безбедноста на лековите ќе бидат споделени во рамките на групацијата Ewopharma или со трети лица, како што се производители, носители на одобренија за ставање во промет на производот или здравствените власти, согласно ЕУ и локалната легислатива за фармаковигиланца (безбедност на лекови).

КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ПОДАТОЦИТЕ

Кога личните податоци се добиваат од вас врз основа на вашата согласност, тие ќе се чуваат само за тој временски период што е утврден во согласноста.

Кога личните податоци се добиваат и се чуваат поради договорна неопходност, ќе се чуваат само додека трае договорот или друг временски рок утврден во договорот.

Личните податоци кои се добиваат заради следење на безбедноста на лековите, извештаите се чуваат за период утврден со ЕУ, обично во период од најмалку 10 години по повлекувањето на производот во последната земја каде што производот се продава.

За сите други ситуации, вашите лични податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно во согласност со применливиот закон, за решавање на спорови или строги критериуми развиени во рамките на групацијата за заштита на податоци. За специфични информации, ве молиме контактирајте не на info@ewopharma.com или j.jameson@ewopharma.com.

ВАШИТЕ ПРАВА

Имате право да побарате копија од кој било ваш личен податок и да ја потврдите неговата точност или да побарате да се поправи.

Имате право да побарате вашите лични податоци да бидат избришани од нашиот систем. Кога вашите лични податоци се чуваат врз основа на согласност, можете да ја повлечете вашата согласност со електронска порака на лицето за контакт на вашиот формулар за согласност.

Имате право да побарате ограничување на обработката или потполно право за обработка во одредени случаи.

Сите барања ќе бидат разгледувани индвидуално.

ПОСЛЕДИЦИ ЗА НЕОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o. нема да побара лични податоци од вас доколку не е неопходно според нашето мислење. Затоа, доколку не се согласите можно е да не можеме да комуницираме со вас. 

ПОСЕТИТЕЛИ НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА

Кога некој ја посетува www.revalid.com, користиме услуга од трета страна, Google Analytics, за собирање на стандардни информации и детали за начините на однесување на посетителите. Освен приближната локација (IP адреса), информациите собрани од Google Analytics се претежно анонимни податоци за сообраќајот, како што се информации за прелистувачот, информации за уредот и јазикот. Ние не собираме дополнителни информации, како што се вашата возраст, пол, интереси или податоци за банките. Собраните информации се користат за да се обезбеди преглед на тоа како луѓето пристапуваат и ја користат нашата страница, со цел да ја подобриме нашата услуга и корисничко искуство. Не се користи за дополнителни цели, како што се прикажување на оние кои пристапуваат до нашата веб-страница.

Ако не контактирате преку нашата веб-страница, ние ќе ги користиме информациите единствено со цел да одговориме на прашања/жалби или предлози испратени од вас. По завршувањето на вашето барање, вашите лични податоци ќе бидат уништени.

БЕЗБЕДНОСТ

Ние преземаме разумни чекори за заштита на вашите лични податоци користејќи физички и/или електронски мерки за безбедност соодветни на чувствителноста на личните податоци.

Иако донесовме безбедносни мерки, не можеме да ја гарантираме безбедноста на сите информации што ги доставувате преку електронска пошта или преку интернет. Доставувањето на лични податоци со користење на такви мрежи се врши на ваш сопствен ризик, бидејќи интернет преносот не е 100 % безбеден или без грешки. Бидете особено внимателни при одлучувањето кои информации ни ги испраќате преку електронска пошта или преку објавување на нашата веб-страна.

ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Можете да изберете да пристапите до некои веб-страници и услуги на трети лица преку нашата веб-страница. Ewopharma AG и/или Ewopharma International, s.r.o.  не сноси одговорснот за политиките на приватност или за објавена содржина на други веб-страници. Треба да се информирате на нивните веб-страници за нивната политика за приватност.

Имаме профил/страница на Facebook/LinkedIn/Instagram која се однесува на нашите производи. Кога ќе одберете да споделувате информации со Фејсбук, информациите што ги споделувате ќе бидат регулирани со нивните политики за приватност. Веб сајтовите на овие социјални мрежи, исто така, може да споделуваат информации со нас и може да објавуваат информации за вашата посета на нашата веб-страна кај нив. Можете да ги менувате вашите поставувања за приватност со Фејсбук.

Користење на колачиња од Ewopharma AG и / или Ewopharma International, s.r.o.

Колачињата се мали текстуални датотеки што се ставаат на вашиот компјутер од страна на веб-страниците што ги посетувате. Тие се широко користени за да се направат веб-страниците да функционираат поефикасно, како и да обезбедуваат информации за сопствениците на страницата.

Како да ги сменам поставките за колачиња?

Повеќето веб пребарувачи овозможуваат контрола на повеќето колачиња преку поставките на прелистувачот. За да дознаете повеќе за колачињата, вклучувајќи како да видите какви колачиња се поставени, како да ги подесите или да ги избришете, посетете www.aboutcookies.org или www.allaboutcookies.org.

За да се откажете од следењето од Google Analytics на сите веб-страници посетете tools.google.com/dlpage/gaoptout.

ПРАВО НА ЖАЛБА

Ако сметате дека вашите права не биле соодветно решени, имате право да се жалите до надзорниот орган за заштита на податоци.