МАГАЗИН

Првут: причини, типови и ефикасна превенција со Ревалид

 

Што е првут и како да се превенира

Дали имате проблеми со лушпи од скалпот, можеби придружени со сув скалп и/или чешање? Првутот е честа состојба на кожата со која се соочува половината од светската популација барем еднаш во животот. Не само што создава физичка нелагодност туку има и негативно влијание на самодовербата. Дознајте ги потребите на Вашиот скалп и ослободете се од првутот!

Направете разлика помеѓу двата типа

Со цел да разберете како и зошто се појавува оваа состојба, мора да го поделиме првутот во две категории – сув првут и масен првут.

Сув првут

Сувиот првут е почест тип на првут, кој се карактеризира со кожни лушпи со бела или сива боја. Освен на косата и скалпот, може да се појават и на веѓите и брадата. Основната причина за појава е недоволна хидратација на скалпот, што доведува до лупење на кожата.

Има неколку причини за сув скалп, како студено и суво време, други состојби на кожата како псоријаза или егзем, или употреба на несоодветни производи за коса кои ја дехидрираат Вашата коса и ги отстрануваат природните масти. Употребата на многу комерцијални производи можат исто така да доведат до состојба позната како „контактен дерматитис“, реакција на кожата кога нешто ја иритира и е во форма на црвенило, често пати придружено со чешање.

Масен првут

Од друга страна, масен првут (или себореичен дерматитис) се појавува во услови на пренаселеност со габа од типот Malassezia, која вообичаено се наоѓа на скалпот кај повеќето возрасни луѓе. Габата се храни со себумот од кожата и зголемениот број единки од габата води до нарушување на бариерата на кожата, што е причина за појава на иритација на скалпот и чешање. Оштетената кожа е поподложна на воспаленија, што води до зголемена секреција на маснотии од масните жлезди кои се храна за габата. Разликата од сувиот првут е повидлива, лушпите се поголеми, потемни и потешки за отстранување

Кој е најмногу засегнат?

Првут или себореја е појава која засега луѓе од сите возрасти и пол.  Сепак, постојат ризик фактори кои можат да Ве направат поподложни на состојбата, како што се:

  • Машки пол (кај мажите првутот е почеста појава отколку кај жените)
  • Повозрасни луѓе (проблемот со првут започнува во младоста и трае до средна возраст)
  • Премногу стрес и /или слабост
  • Недостаток на целокупна хидратација (проблем особено присутен кај повозрасни луѓе)
  • Дијабетес и/или прекумерна тежина
  • Хормонални промени

Со Ревалид во борба против првут

Во Ревалид, Ви нудиме холистички пристап за третман на скалпот и состојбата на косата, вклучувајќи ја нашата специјализирана линија против првут, која во моментот се состои од Ревалид шампон против првут и новиот Ревалид шампон Triple Active DS.

Ревалид шампон Triple Active DS е клинички докажан и внимателно создаден шампон за третман на себореја и сериозна форма на првут. На кој начин? Со употреба на три главни состојки:

  • CrinipanADмоќен агент против првут, го регулира количеството на габата Malassezia.
  • Dandrilysекстракт од кората на дрвотоJoazeiroкој ја обновува рамнотежата на микробиотот на скалпот и го елиминира чешањето.
  • Elestab 100 HPантимикробен агент со долготраен ефект против чешање.

Шампонот прави брзо олеснување, заедно со намалување на себореичниот дерматитис (потврдено од 80% од пациентите).  

Ревалид шампонот против првут од друга страна, е ефикасен во третманот на поумерени форми првут. Ја доведува во рамнотежа природната влажност на скалпот и ја превенира формацијата на нов првут, што го прави погоден избор за одржување стабилна сотојба по намалување на првутот со TripleActiveDSшампонот.