ПРОБЛЕМИ СО КОСАТА

Многумина од нас се соочуваат со проблеми со косата во текот на животот, без разлика дали е тоа истенчување на влакното, промени предизвикани со стареењето или пак сув скалп. Како и другите делови на нашето тело, нашата коса е под влијание на разни фактори од средината, како и генетски фактори. Но многумина од нас почнуваат да обрнуваат внимание кога проблемите со косата веќе ќе се појават. Од причина што нашата коса игра голема улога во формирањето слика за себе, проблемите со косата би можеле да имаат негативно влијание на нашата психичка благосостојба.

Но не сите проблеми поврзани со косата се исти и затоа секој од нив бара различен пристап во нивното решавање. Revalid производите се создадени да се одговорат на вашите специфични потреби.

ОПАЃАЊЕ НА КОСА – АЛОПЕЦИЈА

Опаѓањето на косата, познато како алопеција или ќелавост, се однесува на губиток на влакна кој е поголем од просечните 100 влакна дневно. Опаѓањето на косата може да биде предизвикано од различни фактори – генетика, хормонски промени, стрес. Иако ова често се смета за "машки" проблем, и мажите и жените се засегнати. Опаѓањето на косата може да се јави во која било возраст.

Трите најчести типови на опаѓање на косата се андрогена алопеција, alopecia areata – кружно опаѓање на косата и дифузна алопеција. Опаѓањето на косата после породувањето е исто така често кај жените. Додека некои опаѓања на косата се трајни, а некои привремени, добрата редовна грижа на косата игра значајна улога во намалувањето на овие симптоми и враќање на самодовербата.

Опаѓањето на косата, познато како алопеција или ќелавост, се однесува на губиток на влакна кој е поголем од просечните 100 влакна дневно. Опаѓањето на косата може да биде предизвикано од различни фактори – генетика, хормонски промени, стрес. Иако ова често се смета за "машки" проблем, и мажите и жените се засегнати. Опаѓањето на косата може да се јави во која било возраст.

СТАРЕЕЊЕ НА КОСАТА

Исто како што старее нашата кожа, така старее и нашата коса. Овде најчесто мислиме на промените на бојата или пак побелувањето на косата. Но како што косата старее, почнува да се разликува и во нивото на влажност, густина, текстура и сјајот. Генетиката, негата на коса и честото стилизирање на вашата коса можат да влијаат врз интезитетот на овие промени.

Овие промени можат да имаат негативен ефект врз нашата самодоверба. Како што животниот век се зголемува така расте и нашата желба на постара возраст да изгледаме што помладо. Нашата коса игра важна улога тука. Како што се грижиме за кожата со текот на годините, така и соодветната нега на коса може да ни помогне да се соочиме со предизвиците на остарената коса.

Исто како што старее нашата кожа, така старее и нашата коса. Овде најчесто мислиме на промените на бојата или пак побелувањето на косата. Но како што косата старее, почнува да се разликува и во нивото на влажност, густина, текстура и сјајот. Генетиката, негата на коса и честото стилизирање на вашата коса можат да влијаат врз интезитетот на овие промени.

СУВ СКАЛП

Сувиот скалп често дава симптоми како на тесна кожа на главата, скалп со лушпи или симптоми на првут. Ова е често придружено со чешање и иритираност што предизвикува чешање и создавање на магичен круг. Таквите симптоми се телесни сигнали дека на кожата на скалпот ѝ е потребна влажост.

Сувата кожа може да биде предизвикана од природна сувост на кожата, одредени здравствени проблеми, но најчесто причинител се надворешните фактори. Тие се пречесто миење на косата, употребата на агресивни производи за коса или екстремни временски услови. Токму затоа негата на коса креирана да го ублажи овој проблем придонесува за брзо олеснување.

Сувиот скалп често дава симптоми како на тесна кожа на главата, скалп со лушпи или симптоми на првут. Ова е често придружено со чешање и иритираност што предизвикува чешање и создавање на магичен круг. Таквите симптоми се телесни сигнали дека на кожата на скалпот ѝ е потребна влажост.

РАСПУКАНИ/ РАСЦВЕТАНИ ВРВОВИ

Кога надворешниот слој на влакното ќе се оштети тоа резултира до испукани или оштетени врвови на влакното. Ова често е придружено со кинење на косата, суви или мртви врвови на влакното. Оштетената коса често е без сјај и неуредна на изглед, но и тешка за средување и обликување.

Има неколку типови на распукани врвови и иако има многу причини, најчестата причина е физичкото оштетување со чешлање и обликување, т.е. користење на хемиски производи или загреани апарати за стилизирање. Токму затоа промена и прифаќање на нови навики во негата на коса со препарати создадени за коса склона кон распукани врвови може значајно да ги олесни симптомите.