СУВ СКАЛП

Како што имаме сува кожа на лицето и телото и нашиот скалп, исто така, може да страда од сувост. Сувиот скалп може да предизвика чувство на затегнатост, испукан скалп или симптоми на првут. Сите овие симптоми се знак дека кожата на вашата глава е дехидрирана и и е потребно навлажнување.

Во одредени случаи, сувиот скалп може да биде симптом на друга медицинска состојба како егзема, атопичен дерматитис или псоријаза за која е потребна помош од специјалист. Меѓутоа, како и кај кожата, повеќето сметаат дека рутината на негата на косата која обезбедува поголема влажност долгорочно го отстранува проблемот

Најголем број од оние кои страдаат од сув скалп имаат чувство на затегнатост на кожата на главата. Ова често е проследено со чешање и иритација, кои може да варираат од блага до интензивна. Природната реакција тука е чешање, кое може да предизивка поголема иритација и да доведе до „испукан скалп каде мали парчиња мртва кожа паѓаат од главата.  Додека губењето на мртви клетки од кожата на скалпот е нормално, сувиот скалп може да предизвика проблеми кои се многу слични на првутот.

Сувиот скалп може да ja направи вашата коса безживотна и кршлива бидејќи на влакната на косата им недостига масло кое им е потребно да го одржуваат здравиот сјај и обезбедува заштита од надворешни влијанија. Во комбинација со чувството на затегнатост и чешање, овој естетски аспект може да биде вознемирувачки за оние кои страдаат од сув скалп

Постојат ралични можни причини за сув скалп кои се често поврзани со навиките на нега на косата.

Најчестата причина е претераното миење. Пречесто миење на вашата коса може да ги отстрани природните масти на косата и скалпот кои се одговорни за задржување на влажноста во косата. Ако на пример, ја миете вашата коса секој ден, природниот слој на себумот нема време да се регенерира помеѓу миењата, со што кожата се суши. 

Јаките шампони може, исто така, да го иритираат скалпот и да го дехидрираат. Благ шампон по кој следува длабински балсам како што е оној во палетата на Revalid ќе помогне за рехидратација и враќање на нивоата на влажност. Ова, исто така, се однесува на агресивните стилизирања и техники на боење каде се користат хемикалии и претерана топлина.

Миењето коса со многу жешка вода може, исто така, да предизвика иритација и дополнително сушење на скалпот. Понекогаш, сувиот скалп може да настане од неисплакната коса при што остануваат остатоци од производите во косата.

Друг фактор кој придонесува за сув скалп може да биде претераната изложеност на сонце. Не само што УВ зраците ја оштетуваат косата, туку и врелиот сув воздух може да делува стресно на кожата на скалпот и предизвикува негово сушење. Подеднакво, сувото студено време, исто така, предизвикува сува кожа, исто и за кожата на скалпот. Во двата случаи, важно е на косата да ѝ се обезбеди заштита како и специјална нега за скалпот.

Како и со опаѓањето на косата, хормоналните промени и големиот стрес може да предзивикаат промени во природната регулација на влажноста на косата. Ваквите проблеми се обично привремени, но во секој случај во меѓувреме е важно на вашето тело и коса да им ја дадете специјалната нега која им е потребна.

Исхраната и хранливите состојки можат исто така да играат важна улога, како што е и пиењето вода. Балансираната исхрана со доволно витамини и минерали и соодветна хидратација може да придонесе за намалување на симптомите на сув скалп.

Чешањето на скалпот вообичаено ја зголемува иритацијата и може да доведе до инфекција. Оттука, колку и да е тешко, се препорачува да се избегнува чешање најмногу што може.

На крај, вашиот сув скалп може да биде симптом на примарна состојба како егзема, атопичен дерматитис или псоријаза и во тој случај треба да барате лекарски совет.