ОПАЃАЊЕ НА КОСА – АЛОПЕЦИЈА

Нормалниот циклус на растење на влакното оди од раст, мирување и опаѓање. Просечен човек со здрава коса губи околу 70 до 100 влакна дневно. Повеќе од ова може да предизвика слабеење на косата или ќелавост. Ова може да се случи наеднаш или постепено со тек на време. Овие симптоми можат да бидат знак на пореметен циклус на раст на влакното и потребно е да се консултирате со специјалист. Овој проблем се нарекува опаѓање или алопеција. Има различни типови и многубројни причини за овој проблем – од возраст, генетика, па до надворешни фактори. Трите најчести типови се андрогена алопеција, алопеција ареата – кружно опаѓање на косата и дифузно опаѓање на косата.

Андрогена алопеција

Андрогената алопеција е позната и како региска или шематска и е најчестата причина за опаѓање на косата. Овој тип на опаѓање е поврзан со андрогените хормони и со дихидротестостеронот (DHT). Вообичаено андрогената алопеција бележи пораст со стареењето.

Голем број на генетски и надворешни фактори можат да предизвикаат андрогена алопеција. Сепак, најголемиот број од случаите се предизвикани од наследни фактори. Поточно овие луѓе имаат наследено фоликули со генетска сензитивност на андрогенот DHT. Оваа пречувствителност ги прави фоликулите на влакното помали, со тоа скратувајќи го нивниот животен век.

Андрогената алопеција вообичаено почнува на предниот дел, линијата на косата на челото, позната и како линија на опаѓање Потоа опаѓањето продолжува назад често резултирајќи со целосна ќелавост. Во некои случаи делови од косата се задржуваат на страните на скалпот.

Кај андрогенатата алопеција кај жените опаѓањето може да трае со години, бидејќи изретчувањето може да почне на многу рана возраст. Кај овие случаи поретко се јавува изретчување на линијата на опаѓање, а повеќе на врвот на главата. 

Дифузна алопеција

Дифузна алопеција е кога има опаѓање на косата на целата површина на главата. Овој тип на опаѓање се јавува кај двата пола, но сепак почест е кај жените. Може да се јави на која било возраст. Симптомите на дифузното опаѓање не се само губењето на косата на површината на целиот скалп, туку и истенчување на самото влакно како што косата ја губи својата густина. Овој проблем може да биде особено стресен кога ќе се забележи зголемено опаѓање на коса на перницата, кога се мие или кога се чешла. Но овој тип на опаѓање најчесто е привремен; косата може пак да порасне сè додека фоликулот е активен.

Има многу причинители за дифузно опаѓање на косата. Некои од нив се хормонални промени во тек на бременоста, земање на орални конгтрацептиви или проблем со тироидната жлезда. Болести, инфекции, медицински третмани, исто така, можат да бидат одговорни за симптомите како и недостаток на витамини и минерали (особено железо, цинк, фолна киселина или пак недостаток на витамин B12), метаболички или проблеми во исхраната. И на крај, и психолошките фактори и стресот можат да повлијаат. 

Алопеција ареата

Кружно опаѓање на косата е непредвидливо губење на косата во мали кружни површини со големина на паричка. Овој проблем може да се јави наеднаш и може да зафати и други делови на телото.

Овој тип на опаѓање се смета за автоимуна состојба и често е проследен со воспаление. Ова значи дека белите крвни зрнца кои се одговорни за поддржување на имунитетот ги напаѓаат растечките клетки на влакната во нивните фоликули. Следно се активира воспалителен процес каде клетките за раст на влакното се собираат и го забавуваат процесот на раст на коса.

Иако истражувачите сè уште ја немаат најдено причината за оваа реакција, се смета дека наследниот фактор има влијание. Alopecia areata поверојатно ќе се појави доколку близок член на фамилијата ги имал истите симптоми.

За многумина alopecia areata е привремен проблем и косата почнува да расте повторно. За некои ова е почетна точка за други типови на алопеција.

Опаѓање на косата по раѓање

Постпартална алопеција или опаѓање на косата по породувањето е состојба што се јавува кај жените во првите месеци по породувањето. Се активира од хормонските промени кои се јавуваат по породувањето, особено паѓањето на нивото на естроген. За време на бременоста естрогенот го намалува процентот на влакната што се наоѓаат во телогена фаза (одмор и регенерација) околу 50 %  со што жените не губат просечни 100 влакна дневно. Ова е причината зошто многу жени имаат погуста и посјајна коса за време на бременоста. По породувањето жените ја губат косата што ја задржале за време на бременоста. Паѓањето на косата по породувањето може да почне наеднаш, два до три месеци по породувањето. Во поголемиот број од случаите процентот на испаѓање на косата се враќа на претпородилното ниво за околу шест до девет месеци по породувањето.

Како може да се спречи опаѓањето на коса?

За жал, нема лек против опаѓање на коса. Но начинот на нега на вашата коса може да има значајна улога. Редовно миење и нежно чешлање можат да помогнат, додека пак, хемиските третмани, фарбањето можат да ги влошат проблемите со косата. Масажата на скалпот може да ја подобри циркулацијата на скалпот и да го стимулира растот на косата. Можете да го намалите стресот и да го стимулирате растот на косата со бавно, кружно масирање на скалпот со прстите. Урамнотежена исхрана богата со витамини и минерали, редовна физичка активност и доволно сон, исто така, можат да помогнат.