ОПАЃАЊЕ НА КОСА

Густата и здрава коса секогаш се сметала за знак на здраво тело и целосна благосостојба, а уште повеќе се цени денес.

Оттука, опаѓањето на косата може да предизвика големa вознемиреност и нарушување на самодовербата. Тоа предизвика многу од оние кои страдаат од опаѓање на косата да бидат во потрага по решение. Со оглед дека опаѓањето на косата може да биде предизвикано од различни фактори, важно е да се најдат продукти кои одговараат на индивидуалните потреби на вашата коса. Ова може да биде третман на специфична состојба, спречување на опаѓање на косата или поттикнување на повторното растење на косата.

Просечно во секое време имаме помеѓу 75 000 и 150 000 влакна на главата. Обично губиме помеѓу 70 и 100 влакна дневно кои се дел од природниот циклус на растење на косата што е целосно безопасно. Меѓутоа, ако губите повеќе од 100 влакна дневно тоа може да биде видливо и да укажува на проблем со опаѓање на косата. Симптомите обично се појавуваат постепено ако повеќе влакна остануваат на вашата четка за коса, при туширање или на вашите раце, а во други случаи се случува ненадејно.

Во одредена мера опаѓањето на косата е дел од природниот процес на стареење: 40 % од мажите ќе имаат видливо опаѓање до 35  година, додека 50 -70 % од жените ќе страдаат од некаква форма на опаѓање на косата до својата 65 година. Како и да е, ако постои некоја примарна состојба или генетска предиспозиција, опаѓањето може да се појави многу порано. Оттука, важно е да се идентификуваат причините за опаѓање со цел да пронајдат правилни третмани и производи за вашиот проблем.

Просечно во секое време имаме помеѓу 75 000 и 150 000 влакна на главата. Обично губиме помеѓу 70 и 100 влакна дневно кои се дел од природниот циклус на растење на косата што е целосно безопасно. Меѓутоа, ако губите повеќе од 100 влакна дневно тоа може да биде видливо и да укажува на проблем со опаѓање на косата. Симптомите обично се појавуваат постепено ако повеќе влакна остануваат на вашата четка за коса, при туширање или на вашите раце, а во други случаи се случува ненадејно.

Циклус на растење на косата

Природниот циклус на растење на косата се состои од три фази: анагена, катагена и телогена фаза. Видливиот раст на влакното на косата од фоликулите се одвива во анагената фаза. Два вида клетки имаат важна улога за иницијација во оваа фаза: кожните папиларни клетки заедно со кожните фибробласти и зголемените матични клетки (или ORSc клетки) лоцирани на надворешната обвивка на коренот на фоликулот.

Благодарение на важната улога која ја играат ORSc клетките, следниве фактори може да бидат основна причина за опаѓање на косата. ORSc клетките се помалку продуктивни и како такви нецелосно го потпомагаат растењето на косата или комуникацијата помеѓу папилата и ORSc клетките се прекинува, намалувајќи го степенот на обновувања на папиларните клетки. Овие околности го спречуваат повторното започнување на анагената фаза која следува после телогената фаза, намалувајќи го целосно степенот на раст кој води до опаѓање на косата.

Со цел да го помогне природниот циклус на растење на вашата коса Revalid има развиено целосен третман против опаѓање на косата. Дополнително на капуслите за орална употреба кои го помагаат вашето тело одвнатре кон надвор, Revalid има создадено производ за надворешна употреба, Revalid Regrowth Serum.

Revalid Regrowth Serum ја содржи наградуваната и клинички тестирана состојка Redensyl. Иновативноста на оваа состојка е заснована на истражувањата во регенеративната медицина и е насочена кон кожните папиларни клетки и ORSc клетки кои директно го помагаат растењето на косата.