ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

“Освојте патување во Швајцарија со Revalid!”

Согласно одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РСМ број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15, 154/15, 23/16 и 178/16) се утврдуваат следните правила на наградната игра:

 

Член 1

ОРГАНИЗАТОР

(1) Организатор на наградната игра “Освојте патување во Швајцарија со Revalid!” (во понатамошниот текст “Наградна игра”) е Друштвото за интернет трговија и услуги ДИВИАН АРТС ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Софиска бр.7 и ЕМБС 6995233 (во понатамошниот текст: “Организатор”).

(2) Наградната игра оранизирана од Друштвото за интернет трговија и услуги ДИВИАН АРТС ДООЕЛ Скопје во својство на Маркетинг агенција на ЕВОФАРМА АГ - Претставништво Скопје, со седиште на ул.Антон Попов бр.1/2-3 и ЕМБС  6838022 – е организирана со цел за промоција на нарачателот и производите кои нарачателот ги нуди, односно за рекламирање на производите од брендот Revalid на територијата на Република Северна Македонија.

 

Член 2

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

(1) Наградната игра има за цел рекламирање на производите од брендот Revalid и промоција на нарачателот.

 

Член 3

ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

(1) Името на наградната игра е “Освојте патување во Швајцарија со Revalid!”

(2) Наградната игра се организира за сите корисници на производите Revalid со внесување на поединечен код на веб сајтот Revalid Македонија (www.revalid.mk/25shvacaria) кој ќе се наоѓа на задната страна на налепницата, а која што ќе биде залепена на предната страна на пакувањето Revalid,   со внесување на податоци за Пол, Име и Презиме, Држава и E-mail адреса на учесникот.

(3) Наградната игра ќе започне од 24.10.2019 година и ќе трае до 31.12.2019 година, а ќе се одвива во едно коло.

 

Член 4

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

(1) Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија, кои ќе ги купат означените производи Revalid со соодветна налепница, во периодот на траење на наградната игра и ќе се регистрираат за учество во наградната игра во наведениот период - од 24.10.2019 година (00:01 часот) до 31.12.2019 година (23.59 часот) (во понатамошниот текст “Учесник”).

(2) За учество во наградната игра, учесниците треба да го посетат веб сајтот на Revalid Македонија (www.revalid.mk) за време на одржување на наградната игра и да го внесат кодот кој се наоѓа на задната страна на налепницата залепена на предната страна на пакувањето. Покрај кодот, учесниците во наградната игра ќе треба да ги внесат и следните податоци:

-           Пол

-           Име и презиме

-           Држава

-           Е-mail адреса, и

-           Да се согласат дека ги имаат прочитано условите под кои се одржува наградната игра и исто така да се согласат дека ја имаат прочитано политиката на приватност на Ewopharma AG.

(3) Дополнително, во моментот кога учесниците ќе ги внесуваат своите податоци ќе бидат прашани дали се согласни, доколку освојат некоја од наградите, нивното име и презиме и градот во кој живеат да бидат објавени на веб страната на www.revalid.mk и на фан страните на Revalid на Facebook и Instagram, Revalid Hair Care Macedonia.

(4) Наградната игра ќе се спроведува по принципот еден производ – една апликација - една шанса за извлекување, односно секој поединечен код претставува право за учество во наградната игра со право едно лице да има и повеќе апликации за учество во согласност со бројот на купени производи т.е. добиени кодови за учество.

(5) Наградната игра се однесува на производите од колекцијата Revalid кои се достапни на пазарот во Република Северна Македонија:

-           Revalid шампон,

-           Revalid балсам,

-           Revalid маска,

-           Revalid тоник ампули,

-           Revalid шампон за стимулација на раст на коса, и

-           Revalid серум за раст.

 

 

Член 5

ТЕРИТОРИЈА

(1) Наградната игра се организира за сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија, кои имаат купено соодветен производ Revalid, а се спроведува на сите продажни места на територијата на Република Северна Македонија каде што може да се купи соодветниот производ.

 

Член 6

ПОДАТОЦИ НА НАГРАДИТЕ

(1) Вкупната вредност на наградниот фонд е 262.753,00 денари. Наградите кои ќе бидат додеделени во наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се определени со правилата на наградната игра.

 

Член 7

ВРЕДНОСТ И ОПИС НА НАГРАДИТЕ

(1) Во наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

 

                                                       Единечна цена     Единечна цена    Вкупна вредност

Награда                   Количина       без ДДВ               со ДДВ                   со ДДВ

Првата награда - патување во Швајцарија за две лица (2 ноќи, 3 дена)

 

 

1

 

 

140.596,00 денари

 

 

165.903,00 денари

 

 

165.903,00 денари

Втората награда –

50 Revalid сета составени од Revalid шампон, Revalid балсам и Revalid маска за коса

 

50

 

1.003,00 денари

 

1.184,00 денари

 

59.200,00 денари

Третата награда -

50 Revalid сета составени од Revalid шампон и Revalid балсам

 

50

 

638,00 денари

 

753,00 денари

 

37.650,00 денари

 

СЕ ВКУПНО:

 

142.237,00 денари

 

167.840,00 денари

 

262.753,00 денари

 

(2) Првата награда е патување во Швајцарија за две лица (2 ноќи, 3 дена) за победникот и неговиот придружник. Добитникот на наградата има право да одбере една од трите дестинации на кои ќе го реализира добието патување: Цирих, Луцерн или Интерлакен. Добитниот на наградата, исто така, има за право да го одбере и времето на патување и да го реализира во текот на 2020 година. Резервацијата на патувањето за двете лица ќе биде во целосна организација на Ewopharma AG или туристичка агенција ангажирана од страна на организаторот. Добитникот на наградата е одговорен за сите други трошоци. Исто така,добитникот на патувањето и неговиот придружник се одговорни да ги обезбедат сите останати неопходни елементи со цел да се реализира патувањето, особено валидни патни исправи.

Сите дополнителни даноци, такси или дополнителни трошоци кои се направени во врска со реализацијата на патувањето ги сноси добитникот на наградата.

(3) Втората награда се 50 Revalid сета составени од Revalid шампон, Revalid балсам и Revalid маска за коса, додека третата награда се исто така 50 Revalid сета составени од Revalid шампон и Revalid балсам.

 

Член 8

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

(1) Услов за учество во наградната игра е да учесниците купат соодветен производ Revalid, го добијат соодветниот код на пакувањето, по што треба да го посетат веб сајтот на Revalid Македонија (www.revalid.mk) за време на одржување на наградната игра и да го внесат кодот кој се наоѓа на задната страна на налепницата залепена на предната страна на пакувањето. Покрај кодот, учесниците во наградната игра ќе треба да ги внесат и следните податоци:

-           Пол

-           Име и презиме

-           Држава

-           Е-mail адреса, и

-           Да се согласат дека ги имаат прочитано условите под кои се одржува наградната игра и исто така да се согласат дека ја имаат прочитано политиката на приватност на Ewopharma AG.

(2) Дополнително, во моментот кога учесниците ќе ги внесуваат своите податоци ќе бидат прашани дали се согласни, доколку освојат некоја од наградите, нивното име и презиме и градот во кој живеат да бидат објавени на веб страната на www.revalid.mk и на фан страните на Revalid на Facebook и Instagram, Revalid Hair Care Macedonia.

(3) Сето горенаведено е условено за периодот од 24.10.2019 година, па заклучно со 31.12.2019 година т.е. во периодот дефиниран како период за одржување на наградната игра.

(4) Квалификуваните учесници имаат право на учество во наградната игра единствено ако ги почитуваат Правилата на наградната игра.

 

Член 9

ДАНОЦИ, РАЗМЕНА И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА

(1) Организаторот е одговорен за пресметка и плаќање на данокот на личен доход согласно Законот за данокот на личен доход.

(2) Наградите не може да се разменат за соодветен паричен надоместок.

(3) Организаторот и/или Нарачателот немаат никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети поврзани со користењето на наградите.

 

Член 10

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

(1) Организаторот има право да ја откаже наградната игра во било која фаза, по добивање на одобрение од Министерството за финансии, со известување до јавноста преку дневен печат, доколку настапи штетна последица предизвикана поради виша сила.

 

Член 11

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

(1) Организаторот и/или Нарачателот во целост ќе ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во текот на траењето на наградната игра ќе го почитуваат правото на заштита на личните податоци на учесниците во наградната игра.

(2) Организаторот и/или Нарачателот имаат право личните податоци на добитниците да ги користат во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци, а во согласност со Правилата на наградната игра.

 

Член 12

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

(1) Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 08.01.2020 година во 12:00 часот, во просториите на Ewopharma AG Претставништво Скопје, на адреса ул.Антон Попов бр.1/2-3.

(2) Добитниците на наградите ќе бидат извлечени по случаен избор од базата на сите регистрирани кодови и ќе бидат контактирани по електронски пат (e-mail) во рок од 15 дена по завршувањето на наградната игра. Извлекувањето ќе биде јавно во просториите на Ewopharma AG Претставништво Скопје во присуство на тричлена жири комисија. Дополнително, извлекувањето ќе биде во живо пренесувано на профилите на Revalid Hair Care Македонија на Facebook и Instagram. Доколку со добитниците (или резервните добитници) не може да се воспостави било каков контакт или не одговорат повратно на добиениот маил испратен од Ewopharma AG Претставништво Скопје во рок од 5 дена, добивките ќе останат недоделени.   

(3) При извлекувањето, ќе бидат користени броевите на кодовите кои ќе бидат залепени на производите и кои што учесниците ќе ги регистрираат во системот согласно правилата на оваа наградна игра.

(4) Извлекувањето на имињата ќе го врши и контролира тричлена комисија која ќе биде составена од:
Претставник од органот на управување на Организаторот;

Претставник од административниот сектор на Нарачателот; и

Адвокат во својство на стручен надзор.

(5) Во извлекувањето ќе бидат извлечени и прогласени 101 добитници на награди и 9 резервни добитници. Доколку се појави пречка за доделување на награда на некои од основните 101 добитници, наградите ќе продолжат да се доделуваат по ред почнувајќи од првиот извлечен резервен добитник.

 

Член 13

ИЗВЕСТУВАЊЕ

(1) Списокот на добитници ќе биде објавен во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на веб-страната на Нарачателот, www.revalid.mk

(2) Организаторот и/или Нарачателот ќе ги известат добитниците за добиената награда по пат на Е-маил, на Е-маил адресите кои се наведени за учесниците при склучување аплицирање за оваа наградна игра.

(3) Доколку не може да се оствари контакт на пријавените Е-маил адреси, Објавата на веб-страната на Нарачателот, www.revalid.mk, а користен при аплицирањето за наградната игра, ќе се смета како уредно известување за сите добитници.

 

Член 14

ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

(1) Добитниците на наградите се должни во рок од 15 работни дена од објавувањето на списокот на добитници на веб-страната на Нарачателот, www.revalid.mk да ги подигнат наградите.

(2) Наградите се подигнуваат од дирекцијата на Нарачатеот на адреса ул.Антон Попов бр.1/2-3, во Скопје, секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.

(3) Доколку добитник на награда од било која причина не е во можност да ја подигне наградата, на негово барање истата ќе му биде доставена на адреса која ќе ја посочи, а на трошок на организаторот.

(4) Легитимирањето на добитниците при подигнување на наградите ќе се врши со приложување на лична карта и увид во истата од страна на претставници на Организаторот и/или Нарачателот. При подигнувањето на наградите, покрај документ за лична идентификација, добитниците на наградите ќе треба да ја приложат и налепницата со добитниот код и фискалната сметка. Доколку, добитникот побара наградата да му биде доставена на адресата која ќе ја посочи, дополнително, по електронски пат ќе треба да приложи слика од налепницата со добитниот код и фискалната сметка.   

(5) Организаторот на наградната игра е должен да им достави на добитниците на наградите примерок од пресметката за аконтација на данокот како и податок за платена аконтација.

(6) Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот и/или Нарачателот на наградната игра спрема добитниците.

 

Член 15

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

(1) Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб-страната на Нарачателот, www.revalid.mk, по добивањето на дозволата за организирање на наградна игра од Министерството за финансии на Р.С.М., а пред почетокот на наградната игра.

 

Член 16

ПРАВО НА ПРИГОВОР

(1) Незадоволниот учесник во наградната игра има право да вложи приговор во рок од три дена по објавувањето на списокот на добитници на веб-страната, во писмена форма до Организаторот на наградната игра, кој е должен да одговори на приговорот во рок од 3 дена по приемот на приговорот.

(2) Во случај на спор помеѓу Организаторот и Учесниците во наградната игра надлежен е Граѓанскиот Основен Суд Скопје – Скопје.

 

Член 17

ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО

(1) Во Наградната игра немаат право на учество лица вработени кај Организаторот, Нарачателот и во сите правни лица кои учествуваат во организирање на Наградната игра, вклучувајќи ги и членовите на нивните потесни семејства и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар.

(2) Организаторот го задржува правото да ги дисквалификува учесниците од натпреварот доколку за тоа постојат оправдани причини, како на пример: непочитување на условите за учество во наградната игра, манипулација, измама, повеќекратни пријави, несоодветни или негативни објави на социјалните медиуми објавени од страна на учесникот во наградната игра, а насочени кон организаторот или брендот Revalid, нивни верни клиенти или други купувачи. 

 

Член 18

ДРУГИ ИЗВЕСТУВАЊА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА

(1) За известување за Наградната игра ќе бидат користени ТВ спотови, радио пораки и реклами, билборди, постери, огласи во печатени медиуми, интернет огласување, промоција преку социјални мрежи, настани, соопштенија, изјави и други промотивни активности.

 

Член 19

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

(1) Со исполнување на Правилата на наградната игра, учесниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивањето на дозволата од Министерството за финансии на РСМ и по нивното објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.                 

Скопје 15.08.2019 година    

За ДИВИАН АРТС ДООЕЛ Скопје

Михаил Корубин – овластено лице